Во рамките на можеби една од најлекомислените тужби во последно време, еден Русин вели дека неговиот „ајфон“ го навлекол на хомосексуалност и поради тоа решил да ја тужи компанијата „Епл“.
Тужителот за локално радио изјавил дека заглавил во истополови врски годинава откако добил 69 геј-монети на апликација што ја презел на неговиот „ајфон“ во 2017 година, а која работи со криптовалути.
- Мислев, навистина, како можам да судам за нешто без да го пробам? И решив да пробам хомосексуална врска - напишал тужителот во жалбата објавена од страна на руските медиуми.
Сега човекот се кае.
- Имам момче и не знам како да им објаснам на моите родители. Откако ја примив гореспоменатата порака, мојот живот се промени на полошо и никогаш повеќе нема да биде нормален - стои во жалбата.
Тужителот бара од „Епл“ повеќе од 15.000 долари отштета, што е околу милион
рубљи.