X
 24.08.2022 Забава

Вработен бара 200.000 долари отштета од фирмата затоа што се испијанил на работен настан

Британската компанија ПВЦ (англ. PWC) доби тужба од страна на вработен поради повреда која ја добил на настан организиран од компанијата.

Мајкл Броки тврди дека се повредил на настан организиран од компанијата за вработените. Во рамките на настанот вработените оделе во пабови како да играат голф, но наместо заобиколување дупки на теренот, се поминуваат пабови.

Броки тврди дека настанот поттикнал претерана консумација на алкохол и дека тоа резултирало во оштетување на неговиот мозок бидејќи бил толку пијан што не се сеќавал што се случило во следните 22 часа. Овој 28-годишник бара отштета од 200.000 долари од компанијата бидејќи морал да земе неплатен одмор од 6 месеци за да оздрави.

- Како одговорен работодавец, посветени сме на сигурна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме сите што ги посетуваат социјалните настани да бидат одговорни и да се грижат за сопствената безбедност и безбедноста на другите - изјавиле од компанијата.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава