X
 03.10.2021 Технологија

„Гугл мапс“ отсега ќе известува и каде има пожари

Компанијата „Гугл“ има нова алатка која треба да ни помогне во овој нов свет во кој шумските пожари сѐ стануваат почести секоја година.

Апликацијата за навигација „Гугл мапс“ добива нова опција со која корисниците може да видат дали на дестинацијата каде што одат има шумски пожар.



Новата опција треба да биде достапна оваа недела. На почетокот најмногу податоци ќе има за САД, но од компанијата планираат да ги подобруваат верзиите и за другите земји во следниот период.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија