X
 09.01.2018 Култура

Како секоја земја се нарекува себеси на својот јазик?

1

Сите ја знаеме Јужна Кореја, меѓутоа, луѓето што живеат во оваа земја не ја нарекуваат така. Земјата има сопствен јазик, а на овој јазик нејзиното име звучи различно - „Даехан Мингук“ (대한 민국), а често може да се нарече и „Хангук“ (한국).

Што се однесува до нивниот северен сосед - Северна Кореја ја викаат „Букхан“ , (북한), меѓутоа, Севернокорејците ја нарекуваат својата земја „Јосеон минијујуеуи инмин гонгхвагук“ (조선민주주의인민공화국). И како што е случај со Северна и Јужна Кореја, така е и со секоја друга земја во светот: секоја си има сопствен егзоним (ендоним).

2

„Егзоним или ендоним е името за место, локалитет или локација на јазикот што го зборуваат луѓето што живеат таму. Овие имиња најчесто официјално се назначени од локалната самоуправа или едноставно можат да бидат широко користени“ - пишува на предната страница на мапата на ендоними што ја означува секоја земја во светот со својот ендоним.

Творецот на мапата забележува дека најчестиот официјален или национален јазик во светот е англискиот - зборуван е во 86 земји или територии, што претставува една третина од вкупниот број земји и околу 30 отсто од површината на планетата. Поради тоа, луѓето во светот имаат тенденција да го познаваат англискиот егзоним за својата земја, меѓутоа, тоа не треба да е изговор да не го научат вистинското име на земјата доколку планираат да ја посетат.

ТУКА можете да ја погледнете целата мапа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура