Земјите во Јужна Европа, особено во Југоисточна Европа, имаат повеќе полициски службеници на 100.000 жители од другите делови на Европа.
Мапа на „Лендгајст“ покажува дека во Црна Гора има најмногу полициски службеници - 731 на 100.000 жители. Следуваат Турција со 461, Кипар со 544, Грција со 525 и Хрватска со 507 полициски службеници на 100.000 жители.
Од друга страна, најмалку полициски службеници има во Финска - 136 на 100.000 жители. Следуваат Исланд со 176 и Данска и Норвешка со 194 полициски службеници на 100.000 жители.
Според мапата, Македонија се наоѓа во групата земји со 350-450 полициски службеници на 100.000 жители.
Извор:
Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay