Министерството за образование и наука го објави повикот за доставување документи за продолжување на студентските стипендии. Оттаму соопштија дека сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, можат да ги достават документите до Министерството од 1.10.2022 до 30.10.2022 година.
Корисникот на стипендија треба да достави:
1.Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање;
2.Уверение за положени испити со успех од претходните години;
3.УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија што ја користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на
http://e-uslugi.mon.gov.mk