X
 25.04.2018 Образование

Студентските стипендии ќе бидат исплатени до петок

2.883 нови корисници на стипендии од сите категории може да ја очекуваат исплатата на нивните стипендии за првите шест месеци до крајот на неделава, најавуваат од Министерството за образование и наука. Од ресорното министерство објаснуваат дека тие ги завршиле сите постапки за исплата на стипендиите.


- Во моментов се чека усогласување на одредени податоци во поглед на трансакциските сметки, кои кај помал дел од студентите се јавиле како проблем и треба да се усогласат со банките во кои тие се клиенти. Потоа средствата ќе се исплатат од трезорот во целост за сите студенти, за првите шест месеци – велат од МОН.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование