04.01.2020
Живот
Зборови што ги издаваат лажговците
Луѓето постојано кажуваат понекоја лага. Некои од тие лаги се сериозни, а некои се невини или „бели лаги“ кои ненамерно ги кажуваме за да не повредиме некого. Меѓутоа, постојат луѓе кои сериозно се заглавени во лаги. Тие лажат за сè и сешто.
Ова особено се однесува на љубовните врски.
Откако ќе ја откриеме лагата, сознанието е болно и може многу да нè повреди, па затоа добро е да се анализираат луѓето пред да се започне некоја посериозна врска со нив. Детектирањето на лажговците не е лесно. Сепак, според вокабуларот што го употребуваат можеме понекогаш да откриеме потенцијален „измамник“.
Психолозите сметаат дека следниве зборови ги издаваат мажите кога лажат.
„Заминав“
Секако дека „заминав“ е збор кој може да се искористи во одредена ситуација, но понекогаш има одредена драма во овој збор кога е употребен наместо некој друг збор со кој јасно може да се изрази мислата (на пример, го напуштив барот во 6 часот наспроти си заминав дома во 6“).
„Никогаш“
Кога некој користи „никогаш“ наместо „не“, застанете и помислете дали лицето пред вас кажува лага. На пример, ако го прашате вашето момче дали гледа во друга девојка и ако ви одговори „никогаш“, тука има нешто сомнително.
Оваа/ овој
Кога овие показни заменки се користат пред именки, на пример, оваа жена, оваа облека е знак дека тој сака да се дистанцира од самиот збор, тоа е класичен трик на лажговците.
„Би“
Ако некој наместо да одговори со да или не го разводнува одговорот со би или не би, тогаш тој сака да ви го одвлече вниманието од одговорот. На пример, ако го прашате вашето момче: „Дали ќе ме изневериш некогаш“ и ако добиете одговор „Никогаш не би го сторил тоа“, очекувајте го токму спротивното.
„Да, госпоѓице“
Ако овој збор е дел од неговиот речник, во ред, но ако изненадно ви се обрати вака, тогаш нешто нечисто се врти низ неговиот ум.
„Уште нешто“
Оваа фраза е начин за минимизирање на дејството на зборовите што следуваат.
„Но“
Но, е омилениот збор на лажговците. Затоа бидете внимателни, убаво слушате што ќе каже по овој сврзник.
„Зошто би го сторил тоа“
А ова е омилената фраза на лажговците, вака купуваат време за да смислат што ќе ве излажат.