X
 10.02.2017 Забава

Вистинското значење на зборовите: Ако речниците беа искрени

Речниците обично се добри во објаснување на зборови, меѓутоа кога станува збор за јазикот со кој ние сите можеме да се поврземе, понекогаш не` оставаат во „небрано“.

учи

Затоа, „HipDict“ е фото-речник кој ги објавува алтернативните гледишта на луѓето за цела низа термини, па дури и нови зборови. Не само што се смешни и интересни, туку се и шокантно точни. Ви ги пренесуваме прилагодени на македонски јазик.

Учење (глагол)
- Активноста на пишување, јадење и гледање телевизија со отворена книга која ни е во близина.

Сиромашен (придавка)
- Кога имате премногу месец на крајот од вашите пари.

Утре (именка) - Најдоброто време да направите се` што сте испланирале за денес.

Калории (именка) -
Малечки суштества кои живеат во вашиот плакар и ви ја сошиваат облеката за да ви биде потесна.

Милениче (именка) - Единствениот член во семејството кое навистина го сакате.

Одложува (глагол) - Она што го правите во моментот. По ѓаволите, одете и завршете ја вашата работа.

Шлукање (глагол) - Постојано правење „да пукни“ со самите себеси за нечии достигнувања.

Нозе (именка) - Уред кој се користи за пронаоѓање играчки во темницата.

Незрел (придавка) - Збор кој го користат досадните луѓе за да ги опишат забавните луѓе.

Наставник (именка) -
Личност која ви помага да ги решите проблемите кои никогаш не би ги имале доколку нив би ги немале.

Мобилен телефон (именка) - Уред кој ви помага да изгледате помалку осамено на јавни места кога сте сами.

Бисексуалец (придавка) - Способноста да ставите рака во нечии пантолони и да бидете задоволни на се` што ќе наидете.

Најдобар пријател (именка)
- Луѓето на кои можете да им се лутите краток период бидејќи имате важни работи да им кажете.

Забар (именка) - Слично на родители, кои ги критикуваат вашите заби наместо вашиот животен стил.

Факултет (именка)
- Место каде секој е попаметен од вас, освен вашите партнери во групата.

Мрзеливост (именка) - Ризикот да ви падне се` што носите, наместо да го помините истиот пат два пати.

Врска (именка) -
Способноста да се справите со нечии глупости, обично личност од спротивниот пол, прилично долг  временски период.

Балансирана диета (именка) - Еден хамбургер во секоја рака.

Мозок (именка) -
Нешто што го имаме сите, но повеќето од нас не го користат.

Вашата мајка (именка) -
Најдобриот одговор на било кое прашање.

Среќа (именка) -
Кога ќе се свртите на топлиот дел кој вашиот лап топ го направил во вашиот кревет.

Пријател (именка) - Една од многуте непознати личности на Фејсбук.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава