04.02.2019
Живот
Мачу Пикчу пристапен за лица во колички
Пристапноста до објектите од јавен интерес е една од главните битки на лицата со попреченост во цел свет. И додека во нашиот регион таа борба е заглавена на самиот почеток, а нејзините претставници сѐ уште бараат пристапни улици, паркинзи и болници, историскиот град во Јужна Америка - Мачу Пикчу сега може да го посетуваат и лица во колички.
Перуанскиот средновековен планински град се наоѓа на надморска височина од 2.400 метри и годишно е домаќин на милиони посетители. Сега ќе се зголеми за уште неколку десетици, благодарение на туристичката агенција „Вил д’ ворлд“ (Тркалај го светот), која организира туристички патувања за лица во колички од цел свет.
Компанијата е основана од двајца Чилеанци кои живеат во САД – Алваро Силберстејн и Камило Наваро, од кои едниот користи ортопедска количка, објави порталот „Инсајдер“.
Извор: МИА