Порталот Факултети.мк денес слави девет години, a Деца.мк полни две години.
Тимот на двата порталa и креативците што ги создаваат содржините за „Светот на Биби“ се горди на најголемиот успех - вашата доверба.
Со задоволство ви најавуваме уште повеќе проверени, оригинални и истражувачки содржини.
Во време кога не се избираат средства за да се освои медиумскиот простор, во битката за кликови и лајкови, ние се определивме за професионалноста - одговорно новинарство. Токму поради тоа, нè радува сè поголемиот број читатели на кои сме им редовно дневно четиво.
Ви благодариме што секојдневно нè читате, ни пишувате, нè информирате, ни ги доверувате вашите приказни.