X
 08.01.2017 Живот

Среќен 75-ти роденден, Стивен Хокинг!

На денешен ден, 8 јануари 1942 година, е роден еден од најзначајните умови на денешницата, голем научник и истакнат англиски физичар, Стивен Хокинг.

 

hoking


Хокинг е роден во Оксфорд, каде дипломирал физика, а после темата од теоријата на релативноста докторирал на Кембриџ.

На 32 годишна возраст станал член на Кралското друштво. Пет години подоцна станал и професор по математика. Уште за време на студиите му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза, поради која со текот на времето ја губел можноста за движење и за говор.

Проучувањето на општата теорија за релативноста го започнал поради тоа што открил дека теоријата на Ајнштајн не ја објаснува квантномеханичката природа на физиката. Исто така, таа не е во состојба соодветно да ги опише гравитациските сингуларитети, како што се црните дупки и Биг Бенгот.

Хокинг докажа дека механиката на црните дупки има паралели во законите на термодинамиакта и дека тие не настануваат од колапсот на ѕвездите, туку од колапсот и други високо компресирани региони на просторот. Освен тоа, Хокинг дошол до заклучок дека црите дупки може да емитуваат термална радијација.

Денес Хокинг претставува еден од најзначајните космолози и теоретски физичари во светот, а и покрај сериозната болест од која пати речиси цел живот, тој и понатаму работи на нови теории и сознанија од областа на науката.

По повод неговиот роденден, актерот Еди Редмејн, кој го глумеше физичарот во филмот „The Theory of Everything“ упати честитка до Хокинг, посочувајќи дека нивните родендени се одделени за 2 дена и 40 години.

Хокинг на неговиот Фејсбук профил се заблагодари за честитките и за брилијантноста и добрата смисла за хумор на Редмејн како и за донациите на Редмејн до „MND Associations“.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот