X
 27.09.2017 Технологија

Денес „Гугл“ го слави својот 19 роденден!

gugl
Фото: Google

„Гугл“, една од водечките светски корпорации специјализирана за интернетски сервиси и производи, денес слави 19 години постоење, а по повод роденденот подготвија изненадувања кои сите корисници ќе ги вратат во минатото и ќе ги потсетат на некои од „најзаразните“ игри.

Ако денес кликнете на тркалото на изненадување на „Гугл“, тоа ќе ви понуди некоку забавни игри и квизови. Многумина најверојатно најмогу ќе бидат изненадени со  играта со змијата која можете да ја играте користејќи едноставно пребарување на „snake game“. Исто така, на тркалото можете да ги играте и некогаш популарните игри Pac Man, tic-tac-toe, Halloween или Solitaire, да решавате  разни квизови или да уживате во другите опции што ги нуди „Гугл“.

И претходните години, компанијата подготвуваше разни изненадувања по повод својот роденден, но и за други поводи. Така досега имавме можност да го славиме роденденот на Бетовен со музичка сложувалка, да играме интересен еколошки квиз по повод Денот на планетата Земја или да бидеме дел од авантурата на Magic Cat Academy на Ноќта на вештерките.

Да потсетиме, Лери Пејџ и Сергеј Брин го основаа „Гугл“ за време на нивните докторски студии на Универзитетот Станфорд. Компанијата е основана како приватно претпријатие на 4 септември 1998 година, а како почеток на работењето на „Гугл“ се смета 27 септември.

Мисијата на Пејџ и Брин уште од почетокот беше дефинирана како организирање на светските информации кои ќе бидат универзално достапни и корисни. Нивното неофицијално мото беше „Не биди лош“ („Don`t be evil“).

Се проценува дека оваа корпорација од 2007 година покренува повеќе од милион сервери во базите на податоци во светот и управува со повеќе од милијарда барања за пребарување. Во 2013 година, Google.com беше прогласена за најпосетена интернетска страница на светот.

Името Google потекнува од математичкиот израз „googol“ кој го претставува бројот 1 напишан со 100 нули. Според податоците од 2009 година, оваа компанија вработува над 20.000 луѓе. Седиштето на корпорацијата се наоѓа во градот Маунтан Вју, во американската држава Калифорнија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија