X
 04.05.2017 Наука

Ова растение ја подобрува меморијата

Универзитетски истражувачи сметаат дека мирисот на рузмарин може да ја подобри меморијата.

Студија открива дека учениците кои учат во соба во која има арома на рузмарин, во форма на есенцијално масло, постигнуваат 5 до 7 проценти подобри резултати во тестовите за меморија. Истражувачите велат дека откритието важи и за тестови спроведени на возрасни.

Всушност, истражувачите ги потврдуваат традиционалните верувања за ова растение, бидејќи рузмаринот се поврзува со подобра меморија неколку стотици години. Античките Грци, носеле гранчиња рузмарин кога правеле тестови.

Тестирани биле 40 ученици на возраст од 10 и 11 години, па потоа правеле тестови за меморија во соба исполнета со арома од рузмарин. Учениците не знаеле дека учествуваат во тест за меморија поврзан со сетило.

Претходно, вакви истражувања биле спроведени и на возрасни. Истражувачите тврдат дека рузмаринот дејствува и на возрасните и на децата. Чувството за мирис кај луѓето е чувствително и испраќа сигнали во мозокот, кој потоа испраќа реакции. Постојат невротрансмитери во мозокот кои се поврзани со меморијата и токму тие можат да бидат погодени од сетилата.

Истражувачите планираат да ја продлабочат студијата, за да испитаат дали и други ароми го имаат истото или слично влијание.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука