X
 06.06.2018 Наука

Нашите најрани сеќавања започнуваат од втората година?

Научниците отсекогаш сметале дека сеќавањата за детството започнуваат од три и пол години. Сега, калифорниските научници од Универзитетот УС Дејвис велат дека се сеќаваме и на она што се случило кога сме имале две години. Во истражувањето било пронајдено подрачје на мозокот одговорно за меморија што може да се активира дури и пред детето да започне да зборува.

Ова откритие би можело да помогне во раната дијагноза на развојните пореметувања на мозокот, како дислексија и аутизам. Тим, предводен од научникот Симона Гети го набљудувал хипокампусот, мала структура сместена длабоко во центарот на мозокот. Тимот открил дека хипокампусот е поактивен кога на детето му се пеела приспивна песна што претходно ја слушнало. Подрачјето не било стимулирано кога била пеена нова песна или кога ја пеел друг глас, со друг ритам, темпо и тон.

Најсилниот одговор се случил кај оние кои се сеќавале на местата каде што ја слушнале песната и играчката со која е поврзана песната. Американските научници велат дека ова ја нагласува улогата на хипокампусот во раниот развој на човечката епизодна меморија, а тоа значи способност на сеќавањата каде нешто се случило и што е поврзано со тоа.

Женскиот пол има подобра меморија

Детската амнезија која се однесува на неспособноста на личноста да се сети на случувањата од најраниот живот, веќе цел век е тема на расправа на многу психолози. Научниците веруваа дека амнезијата се однесува на децата помлади од три и пол години, но новото истражувања покажува дека сепак започнуваме да се сеќаваме на случувања од втората година. Женските личности имаат подобра меморија од машките и во просек се сеќаваат на многу порани настани отколку машките.

Постојат различни мемории зошто се сметало дека сеќавањето започнува од три и пол години. Најконтроверзното е она на Сигмунд Фројд, кој верувал дека тоа е одговор на сексуална репресија. Друга теорија вели дека амнезијата настанува поради недостатокот на говорни вештини пред третата година.

Во 2005 година, научниците утврдиле дека 80 отсто од децата од пет и пол години, се сеќаваат на епизодите што се случиле кога имале три години. До седмата и пол година, тие помнеле помалку од 40 отсто. Ова покажува дека децата можат да се сетат на работи, но сеќавањето не трае долго како кај настаните што им се случиле во возрасна доба.

Вистинско сеќавање или сеќавање врз основа на фотографии и приказни?


Кога се обидуваме да размислиме за најраните случувања во детството ,не е јасно дали навистина е формирано врз основа на фотографии и приказни што ни ги кажувале другите.

Претходните истражувања исто покажале дека бебињата од шест месеци можат да формираат краткотрајни и долготрајни мемории кои траат неколку минути, недели, а можеби и месеци.

Децата на претшколска возраст се сеќаваат на години наназад. Но не било јасно дали во таа рана доба меморијата е автобиографска.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука