X
 04.07.2018 Култура

Велат дека сонцето сепак ќе се роди

Твојата крв ја згасна мојата жед
на утоката на големите вени.
Вечерва љубовта се гали од површината на насмевот
дури диви патки со мрсно перо ја пишуваат нашата песна
под прозорецот на сè тајните на животот.
Стоиме прицврстени за вселената со клинови на длабоките заклетви
помеѓу црвеното и зеленото светло
и таблите на кои пишува СТОП!
Пешаците кои веруваат во утрешнината ни даваат предност
и со своите тела ни прават пешачки премин
Додека бараме две месечеви ребра да прејдеме преку бездната.
Ако паднам јас, ти не смееш да се откажеш.
Оти твојата пролет мора да ги собере плодовите на сите есени што ги проживеав.
Скриј го мојот број во својата утроба што не постои во ниедно писмо
Како завет и генски код.
Како клетка што знае да зборува со молчење пред раѓањето.
И не заборавај дека тајната е мајка на сите иднини
Оти мапите на среќата на двајца избрани не смеат на гладните птици да им фрлаат ронки.
Лагата е повредна од вистината како корисност...
Оти лагата е лек за болната вистина!
Чекори по работ на срамот дури не те прогласат за светица
оние што со тага ја трујат среќата.
Прогнозите велат дека сигурно ќе се појави сонце
и среде синото небо ќе му намигне на палавиот облак.
Ти тогаш скини делче од последната солза што ги полева разделбите,
фрли ги тесните чевли и зачекори босонога
пред гладните погледи на поспаните таксисти
насред авенијата мавтајќи ѝ на твојата слобода.

Во мојата прегратка...


Извор: Buka
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура