„Знаењето еден за друг, не за телото, туку преку самото тело, познавањето на себеси, вистинскиот тој, вистинската таа, до екстремност, маската падната од лицето...“
Историјата на литературата е преполна со шарени обиди да се дефинира љубовта - вклучувајќи ги и оние незаборавните. Но, можеби најмоќната и најдлабоката дефиниција за љубовта е од чешко-британскиот писател Том Стопард која тој ја дава во драмата од 1982 година „The real thing“ - ремек дело за внатрешноста на меѓучовечките односи и љубовта.
Во вториот чин, кога циничната ќерка на протагонистот се вљубува, тој и` нуди суров, искрен и прекрасен одговор:
„Љубовта е поврзана е со познавањето и некој да те познава. Помнам како престана да станува чудно тоа што библискиот грчки, знаењето се користеше за водење љубов. Тоа е она со кое љубовниците си се доверуваат. Познавањето еден со друг, не со телото, туку преку самото тело, познавањето на себеси, вистинскиот тој, вистинската таа, до екстремност, маската падната од лицето. Секоја верзија од себеси ние и` го нудиме на јавноста. Ја споделуваме нашата живост, тага, муртење, лутина, среќа... им го даваме на оној кој е до нас, на пријателите и на семејството или можеби на некој странец без двоумење. Во парови инсистираме да се даваме себеси еден на друг. Кои „себеси?“ Што останало? Што друго е таму што не е „поделено“ како шпил карти? Сексуалните односи. Лични, конечни, бескомпромисни. Познавањето и некој да те познава. Да го имате тоа е исто како да сте богати, можете да бидете дарежливи за тоа што споделува љубовникот со вас - таа оди, таа зборува, таа се смее, таа го „позајмува“ нејзиното рамо за плачење, таа ги фрла чевлите и танцува на маса, таа на секого и неа не и` значи ништо; познавањето е нешто друго, неподелена карта, а додека ја држите ве прави да се чувствувате слободни и лесни за запознавање, а кога ја нема, се` е болка. Секоја една работа. Секој предмет со кое се среќава окото. Како што физичкиот свет е поврзан со вашиот дел од мозокот кадешто имагинацијата свети како жичка не поголема од сијалица. Болка.“