X
 29.09.2022 Живот

Трогателната приказна за љубовта на рускиот поет Владимир Мајаковски кон Татјана, која била посилна од смртта

Трогателната приказна во животот на писателот Владимир Мајаковски се случила во Париз, кога тој се заљубил во Татјана Јаковљева.

Немале ништо заедничко. Таа била руска емигрантка, воспитувана со стиховите на Пушкин и Тјутчев, па не сфатила ни збор од исечканите, жестоки, стихови на модерниот поет, „мразокршачот“ од Советскиот Сојуз.

Во суштина, таа не сфатила ниту еден него збор - ниту во реалниот живот. Див, бесен, безрезервен, живеејќи до последен здив, тој ја исплашил со својата нескротлива страст.

Не ја допрело ни неговата кучешка посветеност, ниту пак била фасцинирана од неговата слава. Нејзиното срце останало недопрено. Мајаковски сам се вратил во Москва. Од оваа молскавична и неодржлива љубов останала само тага, а за нас - песната наречена „Писмо за Татјана Јаковљева“ со зборовите: И покрај сѐ, ќе те добијам еден ден - сама или заедно со Париз.

Таа ги сакала цвеќињата. Владимир, целиот хонорар од настапите во Париз го ставил на жиро-сметката на познат париски цвеќар, под услов неколку пати неделно да ѝ доставува на Татјана букет од најубави и необични цвеќиња.

Реномираната париска компанија добро ги исполнувала инструкциите на екстравагантниот клиент. Без разлика на временските услови и годишното време, на вратата на Татјана Јаковљева пристигнувал доставувач со букет со фантастична убавина и иста фраза: „Од Мајаковски“.

Мајаковски починал во 30-тите години, на 36-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја вџашила Татјана. Таа била навикната дека тој е таму некаде и ѝ испраќа цвеќиња. Не се ни гледале, но фактот дека постоел човек што толку многу ја сакал, влијаело врз она што ѝ се случувало.

Не знаела како да живее без таа безумна љубов, растопена во цвеќиња. Сепак, во упатствата што ги оставил поетот не се споменувала неговата смрт. Следниот ден, на нејзиниот праг повторно се појавил доставувач со прекрасен букет и истите зборови: „Од Мајаковски“.

Се вели дека големата љубов е посилна од смртта, но не секој успева да ја отелотвори оваа изјава во реалноста. Татјана добивала цвеќиња и во 30-тите години кога тој починал и во 40-тите кога веќе бил заборавен. За време на Втората светска војна, и во текот на германската окупација на Париз, таа преживеала само затоа што ги продавала тие раскошни букети на булеварот.

Бидејќи секој цвет бил љубов, буквално неговите љубовни зборови ја спасиле Татјана од глад. Потоа сојузничките сили го ослободиле Париз, а букетите продолжиле да пристигнуваат. Доставувачите старееле пред нејзините очи, биле заменети со нови, а и едните и другите знаеле дека се дел од голема легенда. И веќе како парола, која им дава пристап до вечноста, насмевнувајќи се, ја кажуваа реченицата: „Од Мајаковски“.

Извор: Mreza-mira.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот