Петнаесетгодишната Американка Кори Гоф, наречена Коко, продолжува со одличното претставување на тенискиот турнир „Вимблдон“.
Откако сензационално ја отстрани петкратната шампионка и нејзин идол - Венус Вилијамс, Гоф победи и во вториот круг од гренд-слем турнирот.
Таа победи со 6-3, 6-3 против Магдалена Рибарикова од Словачка, која е специјалист во игра на трева и поранешен полуфиналист на „Вимблдон“ од 2017 година.
Коко Гоф стана најмладата натпреварувачка што ги поминала квалификациите на „Вимблдон“ и најмладата што стигнала до 3. круг, по Џенифер Капријати, која се рангира во оваа фаза пред 28 години.
Пред големиот успех над Винус Вилијамс, Коко Гоф беше непозната. Таа е надвор од првите 300 на светската ВТА-листа. Таа сè уште е ученичка и во пресрет на натпреварот со Вилијамс требало да оди на тест.
Гоф вели дека повеќето од нејзините наставници немаат поим дека игра тенис. За неа и за нејзиното семејство успехот не е толку изненадувачки.
Често се опишува како одличен талент. Кога имала 11 години, Гоф била избрана од тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, да тренира со него во Франција.
Извор: МИА