X
 14.01.2022 Живот

Која причина е наведена за одземањето на визата на Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ повторно остана без виза за влез во Австралија откако тамошниот министер за имиграција Алекс Хок му ја укина.

Доколку му ја одбијат жалбата на одлуката, српскиот тенисер наскоро ќе мора да си замине од Австралија.

Во меѓувреме, Хок објави официјално соопштение во кое како причини за својата одлука ги наведува јавното здравје и добро.

- Денес ја искористив својата моќ да му ја откажам визата на господинот Новак Ѓоковиќ според членот 133С(3) од Законот за миграции, поради загрозување на јавното здравје и добар ред, а сето тоа затоа што беше од јавен интерес - напиша австралискиот министер на почетокот од соопштението.

Тој истакна дека при носењето на одлуката внимателно ги разгледувал информациите што му биле на располагање.

- При носењето на овие одлуки внимателно ги разгледував информациите што ми ги дадоа Министерството за внатрешни работи, австралиските погранични сили и господинот Ѓоковиќ. Владата е посветена на заштита на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата на коронавирусот - се наведува во соопштението.

Колку за потсетување, на српскиот тенисер сега му се заканува и казна - забрана за влез во Австралија на три години, доколку тој повторно не се жали пред суд и не ја добие правната борба.

Извор: Klix
Фото: novakdjokovic.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот