Психијатрите, психолозите и психотерапевтите често работат заедно како тим. Иако нивните професии се различни, заедничко им е тоа што се занимаваат со човечката душа и психа. Луѓето често се збунуваат околу разликите помеѓу овие три професии. Александра Биберџиќ ја разјаснува оваа дилема.
Психолог
Психолозите се личности што завршиле студии по психологија во период од четири години. Тие користат различни методи и тестови за да ги испитаат психичките и интелектуални функции, мотивацијата и личноста на клиентот.
Психолозите знаат како да користат тестови за интелигенција, тестови за личноста, професионална ориентација, а може и да учествуваат во интервјуа за работа при селекција на нови работници. Психолозите најчесто се занимаваат со неклиничкото население, односно лица што немаат ментални болести. Тие не даваат дијагнози и не препишуваат лекови, но ги знаат менталните болести и знаат да ги препознаат.
Психолозите работат во стручни тимови во медицински установи како амбуланти и болници, но и училишта и градинки и во фирми. Луѓето посетуваат психолог кога сакаат да знаат нешто повеќе за својата личност, но и кога имаат потешкотии при учењето или за клинична проценка.
Психијатар
Психијатрите се личности што завршиле студии по медицина и потоа се специјализирале за психијатрија. Тие работат на превенција и лечење на ментални болести и поставуваат дијагнози и препишуваат лекови. Потоа, тие ја следат состојбата на пациентот и водат сметка за дејството на лековите.
Фото: Freepik
Тие може да работат во државни установи како амбуланти и болници или во приватни клиники. На психијатар се оди за консултација за подобрување на квалитетот на животот или кога личноста ќе почувствува проблем, како недостаток на сон, волја, мотивација, паничен напад, анксиозност, халуцинација итн.
Психотерапевт
Психотерапевтите завршуваат посебна едукација за психотерапија, а имаат и завршено студии по психологија, психијатрија, педагогија или друга наука. Психотерапевтите може да работат со луѓе со ментални пореметувања, но и со лица што немаат ментална состојба и само сакаат да го подобрат квалитетот на животот. Психотерапевтите работат на целта со клиентот, прават план за лечење и им помагаат да го постигнат својот потенцијал.
Тие најчесто работат во советодавни центри или во приватна пракса. Луѓето одат на терапија од различни причини, а заедничко им е тоа што сакаат да работат на себе и да имаат подобар квалитет на животот. Некогаш, клиентот само се чувствува лошо и самиот не знае зошто, па терапевтот му помага да ја открие причината.
Извор:
Ubuntu Centar