X
 10.10.2020 Здравје

„Обиди се да бидеш виножито во нечиј облак“ - Денеска е Светски ден на менталното здравје

Денеска (10 октомври) се одбележува Светскиот ден на ментално здравје. На овој ден организациите и граѓаните ги повикуваат властите да преземат акција и да направат долготрајни промени во грижата за менталното здравје. Преку означувањето на Светскиот ден на менталното здравје се крева свеста за проблемите со менталното здравје во целиот свет.

Светската федерација за ментално здравје организира повеќе активности на овој ден, кој се одбележува од 1992 г. Но годинава повеќето ќе го поминеме овој ден во своите домови поради пандемијата. Пандемијата има и негативни ефекти врз менталното здравје на многумина. За да останете позитивни, следуваат некои инспиративни цитати за менталното здравје.

- Кога имате сон, треба да го зграпчите и никогаш да не го пуштите - Керол Бурнет.

- Можеби вашиот омилен актер или некој член на музичка група или кој и да е, но има луѓе што се чувствуваат исто како вас и го надминуваат тоа. Би рекол дека не сте сами - Пит Венц.

- Биди промената што сакаш да ја видиш во светот - Махатма Ганди.

- Не ви треба секогаш план. Понекогаш треба само да дишете, да верувате, да се препуштите и да видите што ќе се случи - Менди Хејл.

- Обиди се да бидеш виножито во нечиј облак - Маја Ангелоу.


Фото: Pixabay

- Не може да контролирате сè. Понекогаш треба само да се опуштите и да верувате дека работите ќе се решат. Препуштете се малку и оставете го животот да тече - Коди Кеплинџер.

- Луѓето често се плашат да ги признаат тешкотиите, но не верувам дека треба да се води борба со нешто што е вистина. Доколку сте момче, порано требаше да бидете навистина мажествени, но сега изразувањето емоции е прифатено и почитувано - Зејн Малик.

- Немојте да ве водат стравовите во вашиот ум. Нека ве водат соништата во вашето срце - Рој Т. Бенет.

- Да ја направиме нашата иднина сега и да направиме нашите соништа утре да станат реалност - Малала Јусафзаи.

- Она што му треба на менталното здравје е повеќе сончева светлина, поголема искреност и повеќе несрамни разговори - Глен Клоуз.

- Не можам да го променам правецот на ветрот, но можам да го приспособам едрото за секогаш да стигнам до мојата дестинација - Џими Дин.

- Сè што е човечко може да се дискутира, а сè што може да се дискутира може да се реши. Кога можеме да зборуваме за нашите чувства, тие стануваат помалку поразителни, помалку вознемирувачки и помалку страшни - Фред Роџерс.

- Доколку почнеме да бидеме искрени за нашата болка, нашиот гнев и нашите недостатоци наместо да се преправаме дека не постојат, тогаш можеби ќе го оставиме светот како подобро место отколку што сме го нашле - Расел Вилсон.

- Секогаш држете го лицето кон сонцето и сенките ќе останат зад вас - Волт Витман.

- Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален: важна е храброста да се продолжи - Винстон Черчил.

- Никогаш не сте доволно стари за да си поставите нова цел или да сонувате нов сон - Ц.С. Луис.

- И ова ќе помине - персиска изрека.

- Темнината не може да ја истера темнината, само светлината може да го стори тоа. Омразата не може да ја истера омразата, само љубовта може да го направи тоа - Мартин Лутер Кинг Џуниор.

- Проблемот е шанса да дадете сè од себе - војводата Елингтон.

- Верувај дека можеш и веќе си на половина пат до целта - Теодор Рузвелт.

- Денес нека биде денот кога ќе престанеш да живееш во границите на тоа како другите те дефинираат или судат - Стив Мараболи.

- Се грижиме за здравјето на забите. Не се грижиме за нашето ментално здравје... Мислам дека решението во правење на светот подобро место е само да бидеме ментално здрави - Хауи Мандел.

Автор: Алекс Нелсон
Извор: edinburghnews.scotsman.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје