X
 04.07.2024 Култура

Филмови и серии што може да ги гледате на „Нетфликс“ овој месец

Како што знае секој претплатник на „Нетфликс“, секој нов месец со себе носи нова листа со филмови и ТВ-серии.

Во продолжение ви нудиме неколку одлични наслови што вреди да ги гледате овој месец.

„Полицаецот од Беверли Хилс 4: Аксел Ф“ (Beverly Hills Cop 4: Axel F)



Поминаа речиси три децении откако Еди Марфи патролираше по улиците на Беверли Хилс. Во четвртиот дел Аксел се здружува со неговата ќерка Џејн и детективот Боби Абот за да откријат заговор опасен за  животот на Џејн.

„Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries)




Од сите носталгични оживувања на сериите што „Нетфликс“ ги инциира во изминатите неколку години, за оваа серија гледачите се највозбудени. Овој пат серијата е во режија на Роберт М. Вајс, Скај Боргман и Гејб Торес и ја продолжува традицијата на истражување необјаснети смртни случаи, мистериозни исчезнувања и морничави паранормални активности.

„Инспекцијата“ (The Inspection)



Џереми Поуп во овој филм се појавува во улога на геј маринецот Елис Френч, кој се соочува со интензивна контрола и непријателство како од неговата отуѓена мајка, чие прифаќање очајно го очекува, така и од самата војска.

„Декамерон“, 1. сезона (The Decameron)



Составена од 100 приказни раскажани од десет млади луѓе кои престојуваат во вила надвор од Фиренца за да избегаат од чумата, книгата „Декамерон“ на Џовани Бокачо била напишана помеѓу 1348 и 1353 година, нудејќи потресна и драматична средина која опфаќа различни жанрови: романса, комедија, трагедија и авантура.

„Имагинарното“ (The Imaginary)



Во режија на Јошијуки Момосе, оваа анимирана авантура го следи Раџер, невидиливиот придружник на младата Аманда. Но, кога Аманда престанува да верува во него, Раџер се наоѓа во градот на имагинарното, соочен со мистериозна закана.

„Изгубени“, 1 - 6 сезона (Lost)



Тешко е да се опише колкав хит беше серијата „Изгубени“ и репликата: „Мора да се вратиме, Џек, мора да се вратиме“. Оваа серија привлече милион гледачи. За оние што не го знаат заплетот и сакаат да ја гледаат серијата, „Изгубени“ е серија за една авионска несреќа во која преживеаните заглавуваат на мистериозен, непознат остров, каде што нивната борба за опстанок брзо се претвора во разоткривање на тајните на островот.

Извор: Forbes.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура