X
 04.08.2020 Образование

Градежниот факултет доделува 85 стипендии за своите студенти

Градежниот факултет од Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за новата академска година ќе додели 85 стипендии за прв, втор и трет циклус студии од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката.

Како единствена високообразовна установа со настава на прв, втор и трет циклус на студии од овие области, Градежниот факултет има обврска да образова високостручен кадар, кој со своите вештини и компетенции ќе биде способен да одговори на задачите и на развојните текови во струката. Исполнувањето на оваа обврска, меѓу другото, бара и соработка со градежните фирми и институциите на системот.

За таа цел, Факултетот доделува:

Прв циклус на студии:
-25 стипендии во прва година;
-15 стипендии во втора година;
-15 стипендии во трета година.

Втор циклус на студии:
-15 стипендии во прва година;

-15 стипендии во втора година.

Повеќе информации можете да добиете на линкот или да се обратите на е-адресата upisi2020@gf.ukim.edu.mk.


Градежниот факултет секогаш бил и ќе остане отворен за соработка, отворен за сите позитивни идеи и развојни планови кои можат да придонесат во квалитетот на студиите, стручното обликување и насочување на идните дипломирани инженери.

Подолу го објавуваме и конкурсот за запишување студенти во новата академска година. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование