Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз високото образование е темата на која утре во 19:15 часот ќе се реализира онлајн-дебата во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. На дискусијата ќе учествуваат претставници од повеќе високообразовни институции во земјава.
На темата ќе дискутираат: Арбер Адеми, министер за образование и наука, Сашо Коруновски, ректор на УКЛО, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Мишко Џидров, проректор за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот Југоисточна Европа.
Модератор ќе биде проф. д-р Марјан Ѓуровски, продекан на УКЛО.