Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика, соопшти денеска Нобеловиот комитет.
Нивните резултати го отворија патот за нова технологија заснована на квантни информации, се вели во соопштението.
- Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација - се наведува во соопштението.
Извор: МИА