X
 03.10.2023 Живот

Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Лиер добија Нобелова награда за физика

Годинашната Нобелова награда за физика им се доделува на Пјер Агостини (САД), Ференц Краус (Германија) и Ен Лиер (Шведска) за експериментите што му донесоа на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките.

Тие беа избрани поради „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“, соопшти Академијата.

Настаните кои брзо се движат се влеваат еден во друг кога ги перципираат луѓето, исто како што филмот што се состои од неподвижни слики се перципира како континуирано движење, велат од академијата.

„Ако сакаме да истражиме навистина кратки настани, потребна ни е посебна технологија. Во светот на електроните, промените се случуваат за неколку десеттини од атосекунда - атосекундата е толку кратка што во една секунда има онолку колку што имало секунди од раѓањето на универзумот“.

„Пјер Агостини, Ференц Краус и Ана Лиер покажаа начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлина што може да се користат за мерење на брзите процеси во кои електроните се движат или менуваат енергија“, се вели во соопштението за печатот.
Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот