X
 04.11.2021 Забава

„Ербиенби“ ќе го изнајмува станот на Кери Бредшо

Сите обожаватели на „Сексот и градот“ кои се прашуваа како би било да се ужива во станот на Кери Бредшо, макар и за една ноќ, сега имаат шанса да дознаат.

За само две ноќи во ноември „Ербиенби“ изнајмува верзија од станот на Кери, кој предизвика дилеми околу тоа како една колумнистка можела да си дозволи таков прекрасен апартман на Менхетн. Во станот ги има сите предмети што го направија толку незаборавен, плус виртуелна посета од Кери, односно Сара Џесика Паркер.

Престојот во станот ќе биде достапен само неколку недели пред премиерата на продолжението на филмот, а поради тоа што премиерата на оригиналната серија беше пред 23 години, една ноќ во станот ќе чини само 23 долари.

Паркер ќе ги поздрави гостите преку видео во стилот на еден од многуте замислени монолози пред да ги остави да уживаат во прекрасниот стан на Кери. Во продолжение можете да видите неколку фотографии од станот.






Да бидеме јасни, ова не е оригиналниот стан на Кери Бредшо.

Закажувањето на станот се отвора на 8 ноември за ноќевања на 12 и 13 ноември.

Извор: CNN
Фотографии: Airbnb

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава