Британски „Гардијан“ објави листа со 100 најдобри телевизиски серии на 21 век досега, а на врвот се најде „Сопранови˝.
Ова американско ТВ-шоу го следи животот на Тони Сопрано – шеф на италијанско-американски мафијашки клан, како и на неговите соработници и семејството. Серијата има добиено стотици награди. Главната улога ја игра Џејмс Гандолфини.
На второ место е серијата „Жица“ (The Wire) , а потоа следуваат „Маркетинг-директори“(Mad Men), „The Thick of It“ , „На лош пат“ (Breaking Bad) , британската серија „Канцеларија“ (The Office), а на седмо место се најде „Игра на троновите“ (Game of Thrones).
Според изборот на шест критичари, „Твин Пикс: Враќање“ (Twin Peaks: The Return) е на 22. место, „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale) е на 25., „Убиство˝ на 28., „Доктор Ху“ (Doctor Who) на 46., „Даунтонска опатија“ (Downton Abbey) на 50., а „Сексот и градот“ (Sex and the City) е на 57. место.
Извор: МИА