X
 04.11.2024 Наука

Атмосферски физичар објаснува што ја предизвика катастрофата во Шпанија

Атмосферскиот физичар Бранко Грисоњео објаснува што се случи во Валенсија, каде што за осум часа падна годишно количество на врнежи, што во никој случај не е нормална појава.

- Најлошото помина. Но, ќе има секундарни ефекти поради брановите, поради одзивот на морето и дождот кој сѐ уште не престанал целосно. Во оваа област се појави исклучително длабок циклон и не се движи многу брзо - објаснува физичарот.

- Топлото море е најдоброто гориво за секој циклон, без оглед дали е Јадранското, Медитеранското или ураган или тајфун. Ако наоколу има постуден воздух, тогаш тој топол воздух спонтано се крева нагоре. Ветерот помага малку повеќе и има доволно водена пареа за да се создаде толку голема количина на врнежи кои инаку не би се појавиле на копно. Значи, имаше една тропосферска депресија. Популарно го нарекуваме ладни капки. Тогаш тој циклон се прошири од земјата сè до почетокот на стратосферата. Така, над 90 отсто од атмосферата беше вклучена во овој ужасен циклонски процес - вели тој и додава дека сето ова е поврзано со климатските промени.

- Само една бура не може директно да се припише на климатските промени. Но, повеќе бури заедно на релативно тесно подрачје, на третина од Европа, неколку од нив за месец или два, тогаш веројатно тоа е поврзано. И ова сега може да се утврди со над 95 отсто веројатност со забрзаните климатски промени. Не само промена, туку и промена на промената, забрзување на порастот на температурата - тврди Грисоњо.

Извор: n1info.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука