X
 24.10.2017 Наука

Тезата на Хокинг ја сруши веб-страницата на Кембриџ!

teza

Универзитетот Кембриџ за првпат ја објави онлајн докторската теза на Стивен Хокинг, но поради огромниот  интерес од неговите бројни обожувачи, се блокирал пристапот до интернетскиот сајт на универзитетот.

Тезата која Хокинг ја изработил во 1966 година, на своја 24-годишна возраст, под наслов „Својствата на растегливите Универзуми“ (Properties of Expanding Universes), ги истражува идеите за потеклото на вселената, кои се централен дел на интерес на овој  научник, во текот на целата негова кариера.

Универзитетот наведе дека докторската теза на Хокинг и до сега била еден од најпребаруваните документи во нивната онлајн база. Денес истата можела да се симне бесплатно, по повод одбележувањето на „Неделата на отворен пристап“. Унивезитетската веб-страница бележела постојани прекини во текот на денот, додека техничарите се обидувале да одговорат на вонредно високиот интерес.

Хокинг изразил надеж дека слободниот пристап до неговата теза ќе ги инспирира луѓето ширум светот да „гледаат нагоре во ѕвездите наместо надолу во своите нозе и да се запрашаат за нашето место во Универзумот, но и да се обидат  да го разберат“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука