X
 11.02.2017 Наука

Видео кое не би требало да го гледате

Кога некој ќе ви каже да не размислувате за бела мечка, за што размислувате? Веројатно за бела мечка, нели?

video

Токму ваков пример е даден во видеото на „Asap Science“ во кое се објаснува зошто ги правиме работите кои не треба да ги правиме.

„Дали некогаш некој ви рекол дека можете да имате нешто, а вие сфаќате дека ве натерало да го сакате повеќе, а всушност на почеток и воопшто не сте го сакале?“

Oва видео објаснува како овој феномен се случувал низ историјата: обидот за забрана на книгите честот пати ги прави се` повеќе популарни, како што е „Големиот Гетсби“ и „Игра во 'ржта“.

„Импулсот доаѓа од перцепцијата дека ја губиме нашата слобода“.

Нашата љубопитност е моќна сила, а видеото објаснува дека кога не ги следиме правилата, нашето тело ослободува допамин кој создава позитивно засилување.

Еве го целосното видео, иако не би требало да го гледате.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука