X
 04.12.2020 Живот

Сексуализирано однесување кај децата: Како да се реагира?

Син ми има 5,5 години и меѓу другарчињата во маалото тој е најмал, другите деца се на возраст од 8 до 12 години. Едно другарче (9 години) често доаѓа кај нас дома да си играат, но веќе двапати ги видов како прават вулгарни работи. Се соблекуваат и се допираат. Првиот пат разговарав со двајцата и им објаснив дека тоа не е убаво, дека е срамота и дека се мали. Но, мојот разговор немаше ефект, па повторно се случи истото. Овој пат разговарав со нив, меѓутоа, им пренесов и на родителите на другото дете. Јас со син ми разговарам, но навистина не можам да најдам начин како да му објаснам, ниту знам како правилно да постапам во оваа ситуација. Дали да му забранам да се дружи и да го повлечам од тоа друштво? Инаку, тој е мирно дете, оди во градинка, сака да си игра и да се дружи со децата, послушен е имаме убав однос. Навистина ми треба помош како да постапам во оваа ситуација, се чувствувам разочарана, тажна и бесна. Различни чувства во исто време.

Ова е читателско прашање упатено до психолозите, соработници на Деца.мк.
Одговорот и советот на Радмила Живановиќ, лиценциран психолог и психотерапевт прочитајте го на овој
ЛИНК.

Радмила Живановиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот