Син ми има една година и 10 месеци и е многу палаво и нервозно дете. Постојано води инает за сè, плаче, тепа, се фрла, се тепа самиот, главата си ја мава во под. Ова трае речиси една година. Детето си јадеше без проблем, но на една година фати бронхопневмонија, завршивме во болница и оттогаш е многу проблематичен. Тешко е да го излажеш, фрла храна, си игра со храната, се лути, хистерично плаче. Многу ретко се случува да го преслечам без плачење. Уживаше во капење, но сега и тоа поминува со хистерично плачење.
Во последно време кога е со нас дома не успеваме да го заспиеме преку ден и е многу нервозен, ненаспан (во градинка или со баба заспива)...
Ова е дел од прашање на читател упатено до психолозите, соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Христина Стефановска прочитајте го на овој
ЛИНК.