X
 04.12.2024 Наука

Дали вештачката интелигенција подобро пишува поезија од луѓето?

Поезијата е можеби најчовечката од сите карактеристики на човештвото. Некој би помислил дека ова е една од ретките области што вештачката интелигенција не може да ги преземе. Но, според една неодамнешна студија, не е баш така бидејќи луѓето ја оценуваат поезијата креирана со вештачка интелигенција повисоко од поезијата напишана од луѓе.

Истражувачите избрале 10 поети: Џефри Чосер, Вилијам Шекспир, Семјуел Батлер, Лорд Бајрон, Волт Витман, Емили Дикинсон, Т.С. Елиот, Ален Гинсберг, Силвија Плат и Доротеа Ласк. Навистина вредна листа која опфаќа над 800 години творештво.

Потоа побарале од „Чет-ГТП 3.5“ да пишува песни во стилот на секој поет. Тие не го избрале најдоброто од нив, само ги искористиле првите пет што ги изнела програмата. Потоа побарале од учесниците, кои не биле експерти, да ја оценат работата и тоа по 14 скали, како длабочина, ритам, оригиналност, сликовитост, убавина, емоции и севкупен квалитет.

Ако на учесниците им било кажано дека песната е напишана од ВИ (без разлика дали навистина била или не), тие ја оценувале пониско според сите овие точки. Ако им било кажано дека е напишана од човек, тие ја оценувале повисоко. Она што навистина било многу изненадувачко е дека повеќето од овие неексперти, кога не им било кажано дали песната е составена од вештачка интелигенција или од човек, систематски ги рангирале оние што всушност се напишани од вештачка интелигенција повисоко од оние напишани од луѓе. На пример, тие ја рангирале првата песна напишана „во стилот на Шекспир“ од страна на програмата повисоко од оригиналната Шекспирова песна.

Што точно покажува овој експеримент? Истражувачите се многу јасни дека овие наоди се ограничени на учесници – неексперти: огромното мнозинство од учесниците не читале поезија почесто од неколку пати годишно. И објаснувањето на истражувачкиот тим е поврзано со недостиг на експертиза на учесниците, заклучувајќи дека овие неексперти ја претпочитале поезијата со вештачка интелигенција бидејќи била помалку збунувачка.

Овој експеримент не се однесувал на естетското искуство од поезијата, што е она што навистина е важно во таа насока. Ова истражување се однесувало на она што самите учесници мислеле за нивното естетско искуство.

Конечно, естетските искуства на поезијата се кревки и несигурни. Честопати може да седнете да прочитате песна, но едноставно не сте расположени и продолжувате да го читате истиот ред одново и одново, без да впиете нешто од него. Учесниците во овој експеримент го направиле тестот онлајн и слободно може да се каже дека не постои гаранција оти сите биле во расположение за читање поезија кога го правеле тестот.

Студијата е важна и генијална. Но, тоа не значи дека младите поети треба да ја напуштат својата страст. Сè уште не, во секој случај.

Извор: psychologytoday.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука