Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето на старите фотографии изгледаат постари за нивната возраст во споредба со луѓето на истата возраст денес? Мајкл Стивенс, кој стои зад популарниот канал „Висос“ на „Јутјуб“, го објаснува овој феномен.
Тој објаснува дека луѓето во минатото изгледале постари поради феномен познат како ретроспективно стареење. Кога гледаме стари фотографии, луѓето на нив носат облека од застарен стил, наменета за постари.
Меѓутоа, не станува збор само за илузија. Стивенс посочува и дека луѓето порано навистина старееле побрзо поради разликите во исхраната, животниот стил и здравството.
Извор:
Upworthy
Насловна фотографија: Pixabay