X
 05.01.2019 Живот

Измет од говеда како лек за проблемите со транспортот во Карачи

Нов вид на транспорт наскоро ќе се појави на патиштата во Пакистан - автобуси кои ќе се движат со помош на измет од говеда.

Новата транспортна мрежа би требало да биде пуштена во сообраќај следната година, при што сите 200 возила со би се движеле благодарение на биометанот произведен од измет од биволи.

Доколку се покаже како успешен, проектот би можел да му биде од помош на градот во решавањето на проблемите со транспортот и да служи како пример за другите градови.

Според она што е наведено на интернет страницата на проектот, новата мрежа ќе чини 583,5 милиони долари, а ќе биде финансирана од страна на Зелениот климатски фонд на ОН, локална пакистанска провинција и Азиската развојна банка.

Службениците проценуваат дека 320.000 патници секојдневно ќе ја користат мрежата.

Во Карачи има 400.000 биволи, чиј измет ќе виде собиран од страна на службеници и ќе биде транспортиран до фабриките за конверзија во гориво за автобусите. Конверзијата на изметот во гориво ќе помогне во заштедувањето свежа вода. Моментално во Пакистан секој ден се користат 50.000 галони свежа вода за да се измијат 3.200 тони измет во заливот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот