Од автомобилската компанија „Форд“ објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД каде што се укажува дека 42 отсто од Американците се уверени дека на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат.
Освен тоа, 80 отсто од Американците не би одбрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски услови.
Во анализата се додава дека 90 отсто од Американци и Европејците и понатаму сметаат дека електричните возила се бавни, а 67 отсто тврдат дека на струја тешко може да се вози приколка со автомобилот.
Извор: МИА