X
 18.05.2016 Образование

Забрането заедничко седење на машки и женски студенти

Пакистански универзитет забрани седење на момчиња и девојчиња „еден до друг“ на кампусот поради нарушување на исламските „културни“ норми. Универзитетот во прашање е „Саргода“, кој се наоѓа во Лахор.


Имено, одговорните лица од универзитетот во понеделникот објавиле забрана за седење на машки и женски студенти еден до друг во предавалните, кафулињата или на било кое друго место на кампусот. - Гледајќи на нашите културни и религиозни норми и жалбите од страна на родителите, несоодветниот однос помеѓу машките и женските студенти отсега строго се забранува во рамки на универзитетот - пишува во изјавата.

Поточно, се забранува седење на машки и женски студенти заедно во „форма на пар“ поради жалби на родители, според кои не требало да се седи на тој начин, особено во предавалните.

Одговорните лица на универзитетот додаваат за медиумите дека Пакистан е исламска држава и „тие треба да не ја поддржуваат оваа култура (на момчиња и девојчиња да седат заедно)“.

Универзитетот „Саргода“ е првиот институт од јавниот сектор кој вовел ваква забрана во поскоро време. Али Аташам, студент на универзитетот, изјавил дека администрацијата, всушност, попуштила на притисокот на студентите. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование