Дивиот свет е прекрасен, но кога има нешто плус во него, се создава фасцинација на сосема ново ниво. Така, во природата има прекрасни албино-лавови, албино-желки и други видови
животни што го одземаат здивот.
Овој пат еден фотограф успеал да му направи фотосесија на црн меланистички леопард кој бил забележан во еден индиски парк за диви животни.
24-годишниот фотограф на дивиот свет Анураг Гаванде бил на сафари во националниот парк Тадоба, кој се наоѓа во западната држава Махарштра во Индија. Тој очекувал да фотографира тигри бидејќи Тадоба е и резерват на тигри.
Но, бил прилично изненаден кога видел еден леопард како излегува на патот. Всушност, уште поимпресивно било тоа што леопардот бил црн. За оние што не знаат, леопардите доаѓаат во различни светли бои, од жолто до портокалово, освен леопардот јаван кој е претежно црн. Но, овој леопард е меланистички, што значи дека требало да биде како и сите други (светложолт или портокалов), но имал огромна количина на црн пигмент во неговата кожа.
Меланистичките леопарди се ретки поради ловокрадството, но овој леопард се смета за еден од најретките од овој вид поради изразените црни дамки на неговото крзно. Се проценува дека околу 11 отсто од леопардите имаат ваква пигментација, но оваа е единствената од ваков вид во националниот парк.
Уникатниот црн мажјак бил во лов кога го сликал фотографот. Како што може да се забележи на фотографиите, на леопардот не му пречело тоа што сите гледаат во него, туку си продолжил со ловот. На крајот, леопардот го видел еленот, но ловот бил неуспешен. Фотографот Гаванде објаснува дека потоа леопардот се вратил на патот и на присутните им дал одлична шанса да го фотографираат.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Instagram/Anurag Gawande/