X
 19.09.2016 Здравје

Голиот Никола Карабатиќ


Ракометарот Никола Карабатиќ на својот Инстаграм профил објави фотографии што се дел од календарот „Dieux du Stade“  (Боговите на стадионот).  Црно-белите  фотографии  го покажуваат голото  тело на познатиот ракометар заради хуманитарни  причини.

Приходите од продажбата на календарот секоја година се наменети за хуманитарни цели,  а изданието за 2017 година,  заработката ќе ја намени за борба против ракот на дојката.

На насловната страна на 17 издание на овој календар се наоѓа и рагби играчот Тери Бурау, а своето голо тело исто така го изложи и Силвијан Потар.

Карабатиќ (32) го покажа секој мускул од своето  навежбано тело, како и импозантната тетоважа.

П.С.  До овој момент немаме информации дека некое институционално тело го забранило објавувањето заради „заштита на моралот“.




@dieuxdustade #dieuxdustade2017 credit photo stade.fr

A photo posted by Nikola Karabatic (@nikolakarabatic44) on

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје