X
 05.02.2023 Наука

Вештачката интелигенција предвидува полошо сценарио за глобалното затоплување отколку луѓето

Софистицираните алгоритми на вештачката интелигенција предвиделе дека до 30-тите години на овој век светот ќе биде потопол за 1,5 Целзиусов степен во споредба со периодот пред Индустриската револуција.

Вештачката интелигенција вели дека не е важно дали стакленичките гасови ќе се зголемат или намалат во следната деценија бидејќи загревањето од 1,5 Целзиусов степен не може да се одбегне. Ограничувањето на зголемувањето на температурата за 1,5 Целзиусов степен е амбициозна цел на земјите во рамките на Парискиот договор од 2015 година.

Според авторите на истражувањето кое ги покажува предвидувањето на вештачката интелигенција, сега се потребни драстични мерки за да се одбегне зголемување од 2 Целзиусови степени. Моделот покажал дека ако емисиите на штетни гасови брзо паднат и се на нулта-ниво до 2076 година, големи се шансите дека ќе се постигне загревање од 2 Целзиусови степени до 2054 г.

- Користејќи сосема нов пристап кој се заснова на моменталната состојба на климатскиот систем за предвидување на иднината, потврдуваме дека светот е на чекор од преминување на границата од 1,5 Целзиусов степен - изјавил климатологот Ноа Дифенбау од Универзитетот „Стенфорд“.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука