X
 19.05.2024 Технологија

Надзорни камери со вештачка интелигенција ќе откриваат оружје во училиштата во САД

Насилството со огнено оружје во училиштата во Соединетите Американски Држави сè уште е широко распространето.

„Зиро ајс“, фирма со седиште во САД, основана од воени ветерани, развила патентирана технологија со вештачка интелигенција (ВИ) за надзорни камери. Оваа технологија детектира огнено оружје во реално време.

Законодавците и официјалните лица предлагаат училиштата во Канзас да ја користат патентираната технологија за надзорни камери за идентификување огнено оружје во училиштата. Американските медиуми објавуваат дека Канзас наскоро би можел да понуди до 5 милиони долари грантови за училиштата за опремување со вакви камери. Сепак, гувернерот на Канзас, Лора Кели, допрва треба да ги одобри трошоците, а образовните институции можеби ќе треба да исполнат одредени барања.

Софтверот за вештачка интелигенција мора да се квалификува како антитерористичка технологија


-Софтверот за вештачка интелигенција мора да биде патентиран, означен како квалификувана антитерористичка технологија, во согласност со одредени безбедносни индустриски стандарди - се истакнува во извештајот.

Кога ќе открие пиштол, системот за вештачка интелигенција активира предупредување што се испраќа до оперативен центар во кој работат поранешни службеници за спроведување на законот и воени ветерани. Ако заканата е потврдена, предупредувањата потоа се испраќаат до училишните службеници и локалните власти, овозможувајќи им брзо да одговорат на потенцијалните закани и да спречат насилство. Целта е да се пресретнат потенцијалните закани пред да ескалираат во опасни ситуации.

Последниве години забележан е голем пораст на престрелките во училиштата во САД. Имало најмалку 82 инциденти во 2023 година, но 2022 година била една од најсмртоносните години со 46 жртви, според Си-ен-ен.

Мисури е означена како најновата држава што го усвоила законодавството за поддршка на имплементацијата на технологијата со вештачка интелигенција, креирана од „Зиро ајс“. Законодавството издвојува 2,5 милиони американски долари за соодветни грантови за училиштата, за купување софтвер за откривање огнено оружје.

Сепак, Џејсон Стодард, директор за безбедност на јавните училишта во округот Чарлс во Мериленд, истакнал дека ова не е приоритет во моментов.

- Откривањето оружје управувано со вештачка интелигенција е апсолутно прекрасно. Но, веројатно не е приоритетот што им е потребен на 95 проценти од училиштата во Соединетите Држави во моментов - заклучил тој.

Извор: interestinengineering.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија