Холивудскиот режисер Роберт Земекис сака да се потсетиме на старите добри времиња, кога неговите филмови заработуваа стотици милиони долари на киноблагајните. Во неговиот нов филм „Овде“, кој опфаќа различни епохи, режисерот повторно ги обединува колегите од „Форест Гамп“ - Том Хенкс и Робин Рајт, како да се уште во 90-тите, при што двајцата актери изгледаат помлади од кога било.
Овој филм има една контроверзија: за да ги направи ѕвездите повторно да изгледаат млади, Земекис ја искористи технологијата за антистареење со помош на вештачка интелигенција - а резултатите од тоа доаѓаат во време кога употребата на вештачката интелигенција во шоу-бизнисот е актуелен проблем.
Можете да погледнете како изгледа тоа во штотуку објавениот трејлер. Некогаш подмладувањето со вештачката интелигенција изгледа доволно убедливо. Во други моменти, сепак, може да биде чудно, па конкретно во овој случај, како некој да ги ставил Хенкс и Рајт во апликацијата „Фејсап“.
Сомнителен експеримент
За ваквиот потфат има поделени мислења. Подмладувањето, со вештачка интелигенција или не, отсекогаш се покажувало како сомнителен експеримент во филмската индустрија.
Не е само фактот што изгледа лошо. Многу креативци во принцип се противат на вештачката интелигенција, особено во филмската индустрија, каде што холивудските сценаристи се бореа за заштита од технологијата. Значи, колку и да е добар или лош последниот филм на Земекис, ќе остане контроверзен.
Извор: futurism.com
Фото: YouTube screenshot