Минатото лето беше најавено дека Марго Роби и Рајан Гослинг ќе ги толкуваат главните улоги во филмот за најпознатата кукла во светот, „Барбика“ (Barbie). Оттогаш многу се зборува за овој филм. Сега може да погледнеме дел од него во новиот трејлер.
Филмот е комедија во режија на Грета Гервиг, а покрај Роби и Гослинг, во него играат и Америка Ферера, Кејт Мекинон, Мајкл Сера, Иса Реј, Вил Ферел, Дуа Липа, Хелен Мирен и многу други.
Трејлерот не открива многу за филмот, но навестува нешто различно на големото платно. Светската премиера е закажана за 21 јули.
Извор:
24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)