X
 29.09.2020 Култура

Оригиналната приказна за Мулан наспроти модерните верзии

Легендата за жената-воин Хуа Мулан со векови се раскажува во Кина. Таа прво била запишана во форма на балада, а главната приказна останала иста и покрај големиот број адаптации. „Брајт сајд“ направи споредба на оригиналната балада и стара драмска адаптација на легендата со модерните филмови.

На Мулан не ѝ било толку важно да биде идеална невеста

Во модерните филмови Мулан е прикажана како прилично несмасна девојка што мора да има обука за да биде добра невеста. Ова го нема во легендата. Во старите приказни Мулан од мали нозе тренира борачки вештини со нејзиниот татко.


Фото: YouTube

Татко ѝ се плашел повторно да оди во војна

Во адаптацијата на „Дизни“ таткото на Мулан е стар човек кој се борел во многу битки и е премногу повреден за да продолжи да ѝ служи на својата земја, но ја прифаќа должноста од гордост. Во старата кинеска драма за легендата таткото на Мулан е толку депримиран, што повеќе не сака да живее. Во баладата се споменува дека Мулан нема друг избор освен самата да се бори бидејќи нема постар брат.

Заминувањето на Мулан во војна била заедничка одлука

Во модерните филмови Мулан бега од домот и оди во војна на местото на нејзиниот татко, а ова го прави во тајност. Во оригиналната легенда Мулан разговара за нејзината одлука со семејството и по кратка дебата, тоа ја прифаќа нејзината одлука.

Нејзините гради и гласот не биле единствените работи што ја издавале

Во адаптацијата на „Дизни“ служењето војска било многу ризично за Мулан бидејќи таа би била убиена ако се дознало дека е жена. Во драмата, која била напишана во 16 век, таа морала да ги крие и стапалата за да не биде откриена, но не се споменува за строга казна како убиство доколку останатите војници дознаеле дека Мулан е жена.

Мулан веќе била компетентен воин и пред да ѝ се приклучи на армијата

Во адаптацијата на „Дизни“ Мулан се подготвува за војна откако ќе влезе во армијата. Во старата кинеска легенда таа веќе е вешт и талентиран воин и не се плаши да оди во битка.


Фото: YouTube

Останатите војници се сомневале дека нешто не е во ред

Во анимираниот филм Мулан има пријатели, а истото е и во најновиот филм. Во двете верзии никој не се сомнева во вистинскиот идентитет на Мулан. Во баладата не се споменуваат пријатели на Мулан, а во драмата останатите војници забележуваат дека таа е малку чудна.

Магијата се користи за различни цели

Во анимираната филмска верзија го гледаме Мушу, чувар на семејството кој подоцна ѝ станува придружник на Мулан. Овој разигран змеј го нема во филмот, но во него има друг чувар кој ја штити Мулан, а тоа е фениксот. Во оригиналната легенда не се присутни ниту Мушу ниту фениксот, а Мулан немала помош од никој освен од обичните луѓе што ги среќавала. Меѓутоа, Мулан користи волшебна напивка за да ги намали стапалата по војната.

Нејзината љубовна врска не била толку поетска како на екранот

Во анимираниот филм и во најновиот филм Мулан се вљубува во друг војник. Во баладата не се споменува љубовна врска, иако во драмата Мулан се враќа дома по 12 години и нејзините родители ѝ договараат брак со соседот.

Извор: brightside.me
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура