Речиси четвртина од Германците, поточно 22,6 отсто од анкетираните, не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, што вклучува патување, објави „Евростат“.
Особено се погодени самохраните родители со деца, бидејќи за 43,2 отсто од луѓето од оваа категорија еднонеделен одмор надвор од дома е недостижна цел, како и за 31,3 отсто од семејствата со три или повеќе деца.
Во категоријата самци, 30,4 отсто од анкетираните од финансиски причини не можат никаде да патуваат една недела, додека во категоријата парови овој процент е помал и изнесува 16,8 отсто.
Споменатите податоци од „Евростат“ ги побара пратеничката на Бундестагот, Сара Вегенкнехт, која ја обвини германската влада дека осиромашила милиони граѓани.
- Потребен ни е пресврт во економската и социјалната политика во Германија - заклучи Вагенкнехт.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik