Фото: Screenshot
Денес во светот постојат околу 2.400 милијардери, а жените опфаќаат околу 12 отсто од нивното богатство од 930 милијарди долари.
Кога зборуваме на најбогатите жени, повеќето си ги замислуваат познатите актерки, топ-модели или сопруги на најбогатите бизнисмени - но тоа се стереотипи. Погледнете кои се и како изгледаат најбогатите жени на денешницата.
12. Шеикха Мозах, Катар (58 години)
Нејзиното богатство се проценува над 10 милиони долари и убавата Шеикха е втората сопруга на емирот на Катар и мајка на седум деца.
Таа не е само социјално и политички активна, туку и лобира за напредок во науката и технологијата во нејзината земја.
Наградувана е со многубројни почесни докторати и многу пати е нарекувана прва дама со најдобар стил во светот.
11. Иванка Трамп, Америка (35 години)
Нејзиното богатство се проценува на 740 милиони долари. Иако можела да живее луксузно на сметка на нејзиниот татко, неговата наследничка одлучила сама да стане успешна бизнис-жена.
Сопственичка е на неколку компании, често се појавува на телевизија и има напишано книга.
И покрај густиот распоред, успеала да пронајде време за семејство - има два сина и една ќерка.
10. Пенси Хо, Кина (54 години)
Се проценува дека поседува богатство од 3,4 милијарди долари.
Пенси е најбогатата од 17. деца во семејството Хо благодарение на нејзиниот претприемачки дух и стартувањето многу компании, а денес има повеќе пари од нејзиниот татко.
9. Маргарита Луис-Драјфус, Франција (55 години)
Родена како Маргарита Богданова, таа е најбогатата жена од Русија. Нејзиното богатство се проценува над 5,3 милијарди долари.
По смртта на нејзиниот сопруг станала претседателка на Управниот одбор на групацијата Луис Драјфус“ и сопственичка на фудбалскиот клуб „Олимпик де Марсеј“. Пред неколку години повторно се омажила и со помош на вештачко оплодување роди две ќерки близначки.
8. Кери Перодо, Сингапур (66 години)
Фото: Flickr
Семејниот бизнис, кој всушност е една од најголемите нафтени компании во светот, преминал во рацете на Кери по смртта на нејзиниот сопруг Хуберт Перодо.
Компанијата денес ја води нејзиниот син, додека таа се занимава со хуманитарна работа.
7. Шарлот Касираги, Монако (31 година)
Таа е осма во редот на наследната линија на Монако. Внуката на Грејс Кели работи како новинарка, а своето слободно време го посветува на јавањето.
Се проценува дека поседува богатство од 5,7 милијарди долари.
6. Кристи Валтон, Америка (68 години)
Вдовицата на Т. Валтон има богатство кое се проценува на 6,1 милијарди долари. Нејзиниот сопруг бил син на основачот на синџирот продавници „Волмарт“. Се смета за доста влијателен филантроп и освен работата се занимава и со хуманитарни активности.
5. Ирис Фонтбоба, Чиле (74 години)
Ирис го наследила богатството од нејзиниот сопруг, кое се проценува на 13,7 милијарди долари.
Таа дефинитивно е најбогатата Чилеанка, а и понатаму успешно го води семејниот бизнис.
4. Лорен Поуел Џобс, Америка (53 години)
Вдовицата на основачот на „Епл“ има богатство од 20 милијарди долари. Откако ги наследила акциите од „Епл“, таа стана една од најбогатите жени во светот.
Има сопствен бизнис и е дел од голем број хуманитарни проекти.
3. Сусан Клатен, Германија (55 години)
Фото: Pinterest
Заедно со нејзиниот брат, Сусан води успешна фармацевтска компанија, а освен тоа е сопственичка на половина од акциите на „БМВ“.
2. Алис Валтон, Америка (67 години)
Уште една милијардерка која се збогатила благодарение на „Волмарт“. Се проценува дека поседува богатство од 38,7 милијарди долари.
1. Лилиане Бетенкорт, Франција (94 години)
Фото: Screenshot/Youtube
Најбогатата и најстарата
милијардерка е кралицата на „Лореал“ со богатство од 43,1 милијарди долари.