X
 27.08.2015 Живот

На што треба да внимавате кога патувате со авион?

Најлошото сценарио е да се разболите веднаш после слетувањето на авионот и после пристигнувањето на посакуваната дестинација, а штотуку ви започнал одморот.

Кога седите на седиштето во авионот, би било мудро од ваша страна да избегнете неколку работи за да не фатите некаква болест од другите патници.

Авионите се чистат после секоја промена на патниците, но сепак добро би било да внимавате бидејќи нечистотијата носи бактерии, а бактериите се сериозна закана по здравјето. Ова се неколкуте места во авионот кои можат да направат голема разлика меѓу идеалниот одмор и целосна катастрофа.

Послужавник

Истражувањето од Универзитетот во Обурн открива дека послужавникот е вториот најголем носител на ешерихија коли во авионот, а бактеријата може да преживее 72 часа. Затоа, со влажно марамче треба да ја исчистите и дезинфицирате површината на послужавникот. Изненадувачки е тоа што екипажот од авионот вели дека луѓето често пати менуваат пелени и сечат нокти токму во послужавникот.

Перница и ќебиња


Перницата и ќебето веројатно претходно им послужиле на многу патници па често пати тие седат на нив или се бришат од нив. Исперени истиот ден и спакувани добиваат само оние кои се возат во прва класа. Оние од економската класа се употребуваат повеќе пати. Една авиокомпанија во Америка ги пери ќебињата на секои 30 дена.

Потпирачи за раце и сигурносен појас


Веројатно се борите за да не ја допрете раката на патникот кој седи до вас, а би било најдобро да му го препуштите целиот потпирач бидејќи ова е дел кадешто има најмногу ешерихија коли, вели едно истражување. Дали поради тоа што луѓето тука јадат и ги бришат рацете на него или пак после одењето во вц забораваат да ги измијат рацете, овој дел би било добро воопшто да не го допирате или пред да се потпрете да го дезинфицирате со марамче.

Сигурносните појаси ги имаат допрено илјада раце во текот на годината, и тие ретко се чистат, па затоа претставуваат закана за вашето здравје.

Подот и седиштата

Немојте да ви падне на памет да одите боси низ авион; и колку помалку вашата гола кожа го допира седиштето, тоа е побезбедно. Екипажот вели дека виделе многу патници како уринираат во седиштата. Подовите се валкани, а подовите од вц-то уште полоши. Секогаш треба да употребувате спреј за санитација после одење во вц.

Магазини


Стотици патници ги превртуваат магазините без гаранција дека рацете им се чисти. Иако компаниите се грижат за чистотата, сепак тие сигурно нема да ги бришат страниците.

Џебот на седиштето

Често во џебот на седиштето го ставаме пасошот и сите патни исправи за да ни бидат на дофат на раката. Ова е место кадешто често се става ѓубре, користени марамчиња, гуми за џвакање, па доколку случајно допрете нешто вакво, веднаш дезинфицирајте ги рацете.

Вода

Тестирањето од 2013 година во Америка покажа дека во 12% од авионите, што значи 1 во 10, имаат вода позитивна на колиформни бактерии кои можат да бидат потенцијално опасни за здравјето. Пијте вода од шише, а не од чаша и заборавете на мразот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот