Економскиот факултет - Прилеп е целосно подготвен за успешен упис на нови студенти, оценуваат од оваа единица на УКЛО и со посебна гордост истакнуваат дека во академската 2022/2023 година ќе ги отворат вратите за 62. генерација студенти.
Економскиот факултет – Прилеп, како современа високообразовна институција, е профилиран според највисоките светски високообразовни стандарди и нуди современи студиски програми и функционални просторни услови за студирање. Факултетот располага со одлични инфраструктурни и технички капацитети: 5 амфитеатри, 15 предавални, современи компјутерски центри, библиотека, интернет-клуб, видеоконференциска опрема, со што целосно ги исполнува современите барања и потреби на студентите, соодветно на законски предвидените нормативи и стандарди.
Она што е особено важно е дека студиските програми на Факултетот динамично се приспособуваат според потребите и барањата на пазарот на труд и кореспондираат со развојните трендови и стратегии на земјата. За академската 2022/2023 година, Економскиот факултет нуди широк спектар на студиски програми од сите три циклуси на студии.
На прв циклус оваа академска година функционираат шест новоакредитирани атрактивни студиски програми, и тоа: сметководство и ревизија, банкарство и финансии, маркетинг, менаџмент, меѓународен бизнис и е-бизнис.
Деканот на Факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, истакнува дека за студентите од другите градови во државата постојат одлични услови за сместување во државниот студентски дом „Орде Чопела“ со капацитети за престој и исхрана според високи стандарди и исклучително поволни финансиски услови.
Факултетот, исто така, нуди дополнителни можности за развој на професионалните и интелектуалните капацитети на студентите преку нивно вклучување во различни студентски активности, реализирање практична работа во голем број компании, остварување студентска мобилност на некој од универзитетите во странство и др. Во доменот на меѓународната мобилност на студентите особено е атрактивна Еразмус+ програмата во која Економскиот факултет - Прилеп активно учествува од академската 2014/2015 година. Во таа насока, студентите на Економскиот факултет – Прилеп имаат можност да реализираат студиски престој на голем број странски универзитети со кои Факултетот има потпишано договори за билатерална соработка во рамките на оваа програма.
За академскиот подмладок на Економскиот факултет, бизнис-заедницата редовно обезбедува финансиска поддршка од компании и фирми со кои Економскиот факултет има воспоставено долгогодишна соработка и традиционално негува добри односи. Во тој контекст, за академската 2022/2023 година се обезбедени 30 стипендии од бизнис-заедницата за упис во прва година на прв циклус студии за најдобрите ученици и за учениците од социјално-ранливите категории.
Со цел студентите да можат да се стекнат со апликативни знаења и вештини, на Економскиот факултет се организираат предавања од истакнати експерти од реалниот сектор, додека со практична настава тие можат да се стекнат со применливи и употребливи знаења и вештини во духот на новото време.
Менаџментот од Економскиот факултет оценува дека континуираното инвестирање во студентите, благодарение на партнерството на академијата со институциите, фирмите и бизнис-компаниите, дава конкретни резултати, особено затоа што студентите во сите активности остануваат во центарот на вниманието, како најважни чинители и идни носители на развојот на државата.
Меѓу најсилните предности што се очекува да бидат соодветно препознаени кај матурантите и сите млади луѓе кои знаат дека економијата ги придвижува сите активности, Економскиот факултет – Прилеп ги истакнува традицијата и континуираниот развој, достигнувањата во економската наука и едукацијата, како и примената на знаењата во реалниот сектор, бизнисите и националната економија во целина.
(Комерцијална објава)